Awad Rjoob,Gülşen Topçu
05 Август 2023•Ажурирај: 05 Август 2023
Деветнаесетгодишен Палестинец е убиен во рацијата на еврејските доселеници во селото Бурка, објави палестинската државна новинска агенција ВАФА, пренесува Анадолу.
Палестинското Министерство за здравство објави дека Кусаи Џамал Маатан бил застрелан од доселениците што упаднале во селото, кое се наоѓа источно од Рамала.
Тој беше убиен за време на судирот меѓу доселениците и палестинските селани.
Доселениците донесоа и животни со себе за да покажат дека сакаат да направат населба со конфискација на палестинското земјиште во регионот, соопшти ВАФА.
Во пораката со сочувство што ја објави палестинската група на отпорот Хамас по повод убиството на момчето, таа ги повика Палестинците да се мобилизираат за да се спротивстават на нападите на еврејските доселеници.
Палестинското Министерство за надворешни работи објави соопштение во кое ги осудува вооружените и организираните напади извршени од доселениците врз невините Палестинци во Бурка.
Од почетокот на оваа година Западен Брег е сведок на чести рации и напади од еврејските доселеници под заштита на израелските сили.