Yusuf Hatip
10 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
БРИСЕЛ
Високиот комесар за надворешна политика и безбедност на Европската Унија (ЕУ), Џозеф Борел, изјави денес дека Европската комисија ќе предложи надворешните граници на Унијата постепено да се отворат од 1 јули, јавува Агенција Анадолија (АА).
Борел се обрати пред новинарите во Брисел по неговото присуство на редовната неделна седница на Европската комисија.
Тој рече дека е планирано внатрешните граници на Европската Унија да се отворат во текот на јуни, а надворешните граници постепено да се отвораат во втората фаза на релаксација на рестриктивните мерки, што се воведени со цел сузбивање на ширењето на коронавирусот.
Се очекува Европската комисија во текот на оваа седмица и официјално да го објави својот детален став за отворањето на надворешните граници.
Европската комисија минатиот месец до 15 јуни ја продолжи забраната за патување во Шенген зоната за државјаните од трети земји.