Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Mehmet Nuri Uçar
15 Декември 2018•Ажурирај: 16 Декември 2018
КАИРО (AA) - Во западниот египетски град Гиза пронајден е гроб од периодот на фараоните, стар 4.400 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Египетскиот министер за историски споменици, Халид ал Анани, на конференцијата за новинари во Гиза, потврди дека група архелози на локацијата на ископување Сакар пронашле гроб кој му припаѓа на периодот од 2.492 до 2.345 година пр. н.е.“, јави египетската новинска агенција МЕНА.
Анани рече дека гробот му припаѓа на лицето по име Вах Ти, а станува збор за функционер од 5. династија на фараоните, кои владееле пред речиси 4.400 години.
Генералниот секретар на Високиот совет за историски споменици, Мустафа Везири, рече дека станува збор за гроб долг 10, а висок 3 метри, и дека археолошкото ископување на локацијата продолжува.