Ahmet Karaahmet,Mehmet Burak Karacaoğlu
08 Јуни 2021•Ажурирај: 08 Јуни 2021
ИДЛИБ
Во Сирија, едно дете е убиено во нападот на цивилните населби извршен од терористичките групи што се под контрола на режимот на Асад и неговиот приврзаник Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Режимските сили стационирани во областа Марет ел Нуман на југоистокот од Идлиб го прекршиле примирјето напаѓајќи ги селата Баре, Ихсам, Бејлун и Кенсефра на Автопатот М4 јужно од Идлиб.
Во нападот загина едно дете, а едно дете е повредено.
- Последна ситуација во зоната на деескалација во Идлиб
Во моментов, популацијата на Идлиб со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 година се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место што најмногу е напаѓано од страна на режимот.
На состанокот во Астана од 4-5 мај 2017 година, Турција, Русија и Иран се договорија за 4 деескалациски зони во Идлиб и соседните провинции (Латакија, Хама и Алепо).
Но, режимот и странските терористички групи поддржани од Иран, со воздушна поддршка на Русија ја зазедоа контролата врз овие деескалациски зони, со исклучок на Идлиб.
Стотици илјади цивили кои избегаа од нападите, мигрираа кон местата близу границата со Турција.
Исто така, нападите продолжија извесно време и по Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година од страна на Русија и Турција.
Русија и режимските сили започнаа операции за заземање на целиот регион во мај 2019 година и зазедоа неколку големи населби во деескалациската зона во Идлиб.
Нов договор меѓу Турција и Русија беше постигнат на 5 март 2020 година во Москва.
Прекинот на огнот, што режимските сили повремено го кршат, е во голема мерка зачуван.
Во периодот од 2017 до 2020 година, околу 2 милиони цивили морале да мигрираат во регионите близу до турската граница поради нападите на Русија и режимските сили.