Diyar Güldoğan
31 Октомври 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
АСТАНА (АА) - Во Астана, главниот град на Казахстан, денес без значаен договор заврши седмиот круг од преговорите за Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Учесниците на мировните преговори не успеаја да постигнат договор за размена на заробените и за отворање коридор за доставување хуманитарна помош за цивилите.
Според зборовите на извор од преговорите, земјите-гаранти на примирјето, Турција, Русија и Иран, одлучија во наредниот период да продолжат да работат на ова прашање.
Министерот за надворешни работи на Казахстан, Каират Абдрахманов, денес би требало да го прочита заедничкото соопштение за резултатите од преговорите.
На вториот, дводневен круг од преговорите во Астана, одржани на иницијатива на Турција, Русија и Иран, учествуваа делегациите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, вооружените бунтовнички групи, како и делегации на ОН, САД и на Јордан.
Главна тема на седмиот круг од преговорите беше ослободување на заробените од сириските затвори.
Потсетуваме, опозицијата до руската делегација на почетокот од овој месец достави список со повеќе од 12.000 затвореници во градот Хомс.