Ahmad Adil
17 Декември 2023•Ажурирај: 18 Декември 2023
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Најмалку 9 работници загинаа, од кои 6 жени, а уште три лица се повредени од експлозијата што ова утро се случи во фабрика во западната индиска држава Махараштри, известува Анадолу.
Експлозијата се случи во фабрика во округот Нагпур. Станува збор за погон за производство на експлозиви и дронови за потребите на индиската војска.
Заменик премиерот на Махараштри, Девендра Фаднавис, упати порака на сочувство на семејствата на загинатите работници и им вети исплата на обештетување во висина од 500.000 индиски рупии (околу 5.500 евра).
Локалните медиуми објавија дека тројцата повредени се префрлени во болница.
Од фабриката соопштија дека преостанатите работници се евакуирани од комплексот и дека ситуацијата е ставена под контрола.