Zafer Fatih Beyaz
30 Октомври 2021•Ажурирај: 31 Октомври 2021
РИМ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Рим разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, јавува Агенција Анадолија (АА).
Состанокот на челниците на Турција и на Европската Унија се одржа на маргините на самитот на лидерите на земјите од групата Г-20.
Ердоган и Фон дер Лајен во Конгресниот центар „Нувола“ во Рим разговараа половина час без присуство на претставници на медиумите.
На состанокот присуствуваше и шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.