Mehmet Tosun
16 Април 2024•Ажурирај: 17 Април 2024
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, разговараше телефонски со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамед ал Тани за низа регионални теми, вклучително и ситуацијата во Појасот Газа, известува Анадолу.
Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство објави дека Ердоган и Ал Тани разговарале за односите меѓу Туркије и Катар, за глобалните и регионалните прашања, нападите на Израел врз Газа и хуманитарната криза во блокираната палестинска енклава.
Ердоган рекол дека исламскиот свет треба да ги засили напорите со обединетост да се запрат бруталните напади на Израел и да има казни за злосторствата против човештвото.
Турскиот претседател навел дека од витално значење е да се запре Израел колку што е можно поскоро и да се дејствува разумно за да се спречи ширење на тензиите во регионот.
Во текот на разговорот претседателот Ердоган и катарскиот емир Ал Тани размениле честитки по повод изминатиот Рамазан Бајрам.