Çiğdem Alyanak
19 Мај 2018•Ажурирај: 19 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш телефонски разговараа за последните случувања во Палестина и Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот на турскиот претседател е наведено дека Ердоган во текот на разговорот истакнал дека Соединетите Американски Држави (САД) со незаконско преместување на амбасадата во Ерусалим ги прекршија резолуциите на ОН и го загрозија глобалниот мир.
Нагласи дека меѓународната заедница мора да пружи посилен одговор на насилството на Израел во Газа.
Ердоган и Гутереш ја нагласија важноста од формирање Комисија за спроведување независна истрага за случувањата во Газа на седницата на Советот за човекови права на ОН.
Турскиот претседател го информираше Гутереш за вонредниот самит на земјите членки на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул, на кој е разговарано за последните случувања во Газа.
Истакна дека прашањето на Газа повторно ќе биде изнесено пред Генералниот совет на Обединетите нации.
Гутереш напомена дека е важно да се вложат заеднички напори за да се ублажи болката на Палестинците.