Zehra Nur Düz
19 Јуни 2019•Ажурирај: 20 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека првиот демократски избран египетски претседател, Мухамед Морси, бил убиен, јавува Anadolu Agency (AA).
„Морси не умре од природна смрт, тој беше убиен“, изјави Ердоган.
Првиот демократски избран египетски претседател, Мухамед Морси, почина откако западна во кома во судницата. Активистите и неговото семејство долго време тврдеа дека тој не добива медицинска грижа за големиот број здравствени проблеми што ги имал, како и за дијабетесот.
Турскиот претседател се заложи дека ќе бара правда за оваа ненадејна и необјаснета смрт.
„Турција ќе направи сè што е потребно за да му се суди на египетскиот режим на меѓународните судови“, изјави тој, повикувајќи ја Организацијата за исламска соработка да преземе дејствие.
Морси стана првиот претседател во историјата на Египет избран по демократски пат во 2012 година.
На 3 јули 2013 година Морси беше соборен со воен удар од страна на тогашниот министер за одбрана, Абдулфетах ел Сиси, кој подоцна стана претседател.