Zafer Fatih Beyaz,Fuat Kabakcı
02 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
ПЕКИНГ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во рамки на неговата официјална посета на Народна Република Кина, изутрина пристигна во кинескиот главен град Пекинг, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган на меѓународниот аеродром во Пекинг беше пречекан од страна на амбасадорот на Турција во Пекинг, Абдулкадир Емин Онен, заменик-шефот на кинеската дипломатија, Лиу Ксианфа, амбасадорот на Кина во Анкара, Денг Ли, како и од други претставници.
Ердоган е придружуван од страна на неговата сопруга Емине Ердоган; турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу; министерот за трезор и финансии, Берат Албајрак; министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој; министерот за национална одбрана, Хулуси Акар; министерката за трговија, Рухсар Пекџан; претседателот на турската разузнавачка служба (МИТ), Хакан Фидан; потпретседателот на АК Партијата, Џевдет Јилмаз; шефот на одделот за комуникација при турското Претседателство, Фахретин Алтун и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.
Ердоган во овие рамки ќе се состане со претседателот на Кина, Си Ѓинпинг.
Двајцата лидери по нивната тет-а-тет средба ќе учествуваат на меѓуделегациската средба.
Ердоган потоа ќе учествува на вечерата која ќе биде приредена во негова чест од страна на Си.
За време на посетата на Ердоган на Кина, се очекува да се разговара за темите кои се актуелни во регионот и светот, како и за унапредување на билатералните односи.