Ahmet Furkan Mercan
06 Август 2020•Ажурирај: 07 Август 2020
ТОКИО
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, упати порака по повод 75-годишнината од експлодирањето на атомската бомба во Хирошима за време на Втората светска војна, нагласувајќи дека Хирошима треба да биде симбол на нашата решителност за неповторување на грешките, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Паркот на мирот во Хирошима се одржа комеморативна церемонија за сеќавање на жртвите и повредените во атомскиот напад на 6 август 1945 година во јапонскиот град Хирошима.
Турскиот претседател Ердоган на оваа церемонија испрати видеопорака, во која нагласи дека експлодирањето на атомската бомба во Хирошима е еден од најмрачните денови во историјата на човештвото.
„Упатувам сочувство до пријателскиот народ на Јапонија, како и до блиските на овие жртви кои веќе 75 години се обидуваат да ја смират болката во нивните срца“, истакна Ердоган, сеќавајќи се на жртвите во Хирошима.
„Треба да успееме да извлечеме лекција од овој застрашувачки настан. Хирошима треба да биде симбол на нашата решителност за неповторување на грешките“, додаде Ердоган.
Претседателот на Турција нагласи дека човешството треба да извлече лекција од Хирошима.
Тој се присети и на Садако Сасаки, кој за време на фрлањето на атомската бомба бил на двегодишна возраст, и кој, и покрај повредите живеел уште 10 години, а се смета за симбол на децата погодени од Хирошима.
„Покрај толку драми, во Сирија, Јемен и Палестина продолжуваат да умираат деца и да го носат целиот товар на војната. Смртта им наидува на чамецот со бегалци, во училиште, на улица, а понекогаш и на рацете на нивните мајки каде што се чувствуваат најбезбедни. Уште еднаш никогаш за нашите деца и идните генерации со цел уште еднаш да не се случи оваа болка“, рече тој.
Ердоган својата порака ја заврши со читање на дел од поезијата на турскиот поет Назим Хикмет.
Во име на Ердоган, на оваа комеморативна церемонија учествуваше амбасадорот на Турција во Токио, Хасан Мурат Мерџан, заедно со неговата делегација.