Şerife Çetin
28 Февруари 2020•Ажурирај: 28 Февруари 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) соопшти дека договорот за мигранти потпишан со Турција сè уште е валиден, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, на денешната редовна прес-конференција се осврна на тврдењата дека „Турција ги отворила вратите за мигрантите“.
Стано, истакнувајќи дека нема официјална изјава од Турција во таа насока, рече: „За нас Договорот за мигранти меѓу Турција и ЕУ е валиден и очекуваме Турција да ги исполни своите обврски што произлегуваат од договорот.“
Потсетувајќи дека Министерството за надворешни работи на Турција потврдило дека немаат промена во однос на политиката за бегалци, Стано рече дека ги видел таквите тврдења на социјалните медиуми.
- „Доколку има потреба, ќе дејствуваме“
Наспроти наводите, Стано рече дека ЕУ ќе направи своја проценка за миграцискиот проток, разговарајќи со земјите членки.
„Внимателно ја следиме ситуацијата и доколку е потребно ќе преземеме мерки“, нагласи Стано.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, Хами Аксој, нагласи: „Нема промена во политиката на нашата земја, која е домаќин на најголемиот број бегалци во светот, за бегалците и мигрантите.“