Şerife Çetin
02 Октомври 2019•Ажурирај: 03 Октомври 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ), денешното тестирање на ракети од страна на Северна Кореја го нарече провокативно и ја повика администрацијата на Пјонгјанг да ги запре сите активности на нуклеарно оружје, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Кабинетот на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, се истакнува дека тестирањето на ракетите од страна на Северна Кореја ѝ штети на меѓународната безбедност и на мирот на Корејскиот Полуостров.
„Балистичката ракета на Северна Кореја е провокативен чекор“, се нагласува во соопштението и се повикува администрацијата на Пјонгјанг да престане со сите активности поврзани со нуклеарното оружје и со програмите за балистички ракети.
Во соопштението се истакнува дека се очекува разговорите меѓу САД и Северна Кореја да започнат повторно и дека ЕУ ги поддржува сите меѓународни дипломатски иницијативи кои ќе обезбедат мир и безбедност на Корејскиот Полуостров.
Од друга страна, во соопштението на Генералштабот на Јужна Кореја се наведува дека Северна Кореја во утринските часови лансирала две ракети.