Ekipa
27 Јуни 2017•Ажурирај: 27 Јуни 2017
ГАЗА (АА) - Од почетокот на оваа година, досега животот го загубија 9 Палестинци, од кои 3 деца, поради запирање на издавањето дозвола за лекување во странство на пациентите од Појасот Газа, подрачје кое е окупирано од страна на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за здравство на Газа објави соопштение во коешто се вели: „Поради забраната за лекување во странство на болните, од почетокот на 2017 година досега животот го загубија 9 лица, од кои 3 се деца“.
Во соопштението во коешто се наведува дека одговорноста за смртта на овие лица ја сносат израелското и палестинското раководство, се истакнува: „Израелското и палестинското раководство се оние кои ги лишија пациентите од лекување“.
Исто така, во продолжение на соопштението се вели дека во наредните денови е можно да се зголеми бројот на ваквите случаи, и се повикуваат релевантните организации за човекови права да подигнат тужба против одлуката што предизвика смрт на 9 лица, од кои 3 се деца.