Ekip
17 Септември 2016•Ажурирај: 17 Септември 2016
ПЕКИНГ (АА) - Силен тајфун го зафати подрачјето на југоисточна Кина и Тајван и донесе поројни врнежи од дожд. Во изминатите 24 часа во невремето животот го загубија 14 лица, а има и голем број на исчесзнати, јавува Anadolu Agency (AA).
Кинеската новинска агенција Синхуа јавува дека најмалку 7 лица загинале во провинцијата Фуѓен, која е најтешко погодена од невремето, а како исчезнати се водат 9 лица. Уште 6 лица загинале, а 5 се водат како исчезнати во соседната провинција Џеџанг.
Тајванска агенција CNA јавува дека големо невреме пропратено со тајфун и поројни врнежи го зафатил Тајван. Од невремето загинало едно лице, а повредени се 44 лица.
Тајфунот Мерати во средата мина преку каналот Насчи, а вчера стигна до копното во билизина на крајбрежниот град Сјамен.
Цивилната заштита на Тајван информираше дека околу милион лица останале без електрична енергија, а повеќе од 720.000 жители се без вода.
Во изминатите 24 часа од загрозените подрачја на кинеската провинција Фуѓен евакуирани се 331.000 жители. Слична ситуација е и во провинијата Џеџанг од која се евакуирани повеќе од 70.000 лица.
Според последните извештаи од теренот, ураганот разурна 1.600 куќи. Уништил и посеви на површина од 22.200 хектари, и се проценува дека е предизвикана штета од 249 милиони долари.
Кинеската провинција Фуѓен и во јули го зафати силно невреме пропратено со тајфун и тропски дождови, во кое загинаа најмалку 83 лица.