Bekir Aydoğan
10 Октомври 2025•Ажурирај: 12 Октомври 2025
АНКАРА (АА) - Експлозија настана во погон што произведува воена муниција во американската сојузна држава Тенеси, известува Анадолу.
Експлозијата се случила во „Accurate Energetic Systems“, погон во руралниот дел на Тенеси, во кој се произведува и тестира експлозивна муниција.
Шерифот на округот Хамфрис, Крис Дејвис, изјави дека многу луѓе се водат за исчезнати и дека експлозијата резултирала со смртни случаи.
Причината за експлозијата сè уште не е позната, а шерифот Дејвис истакна дека истрагата може да трае со денови.
Не се објавени дополнителни информации во врска со смртните случаи или исчезнатите лица.
Жителите на областа Лобелвил, оддалечена 20 минути од местото на настанот, пријавија дека нивните домови биле потресени од експлозијата.