Mücahit Oktay
12 Септември 2020•Ажурирај: 13 Септември 2020
ЊУЈОРК (АА) – Во последниот месец шумските пожари во американските сојузни држави Калифорнија, Орегон и Вашингтон, на западниот брег на САД, резултираа со смрт на најмалку 26 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ендрју Фелпс, директор на Канцеларијата за управување со итни случаи во Орегон, истакна: „Ние се соочуваме со смртни случаи поврзани со пожарите. Гледајќи ги жртвите, можам да кажам дека очекуваме огромен број смртни случаи.“
Гувернерката на Орегон, Кејт Браун, исто така, рече дека повеќе од 1 милион хектари земја изгореле во пожарите, а повеќе луѓе сè уште се водат како исчезнати.
Гувернерката Браун, истакнувајќи дека во Орегон секоја година скоро 500.000 хектари се оштетени од пожари, рече дека оваа година само за неколку недели е удвоена површината што уништена од пожарите.
Браун ги опиша пожарите, коишто доведоа до евакуација на 10 проценти од населението во државата, како „невидени“ досега.
Официјалните лица во Вашингтон, која е една од државите што многу страдаат од пожари, истакнаа дека се уморни од лажните известувања за подметнување пожари, кои стигаат до пожарникарските оддели.
Шерифската канцеларија во подрачјето на округот Мејсон ги повика жителите на Вашингтон да престанат да шират неосновани тврдења за подметнување пожари.