Turgut Alp Boyraz
25 Мај 2017•Ажурирај: 26 Мај 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници приведоа 22 Палестинци на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската војска се наведува дека во седум подрачја на Западниот Брег, во ноќните часови е извршен упад во куќите на Палестинците и дека се приведени 22 лица поради учество во терористички активности.
Израелските сили честопати од различни причини вршат претреси на куќите на Палестинците на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.
Извештаите на организациите, меѓу кои и на Здружението на палестинските затвореници, покажуваат дека во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 Палестинци, од кои 57 се жени и 300 деца.