Mustafa Deveci
15 Декември 2018•Ажурирај: 16 Декември 2018
ЕРУСАЛИМ (AA) - Најмалку 14 Палестинци се повредени во текот на судирите со израелските сили во близина на Рамала, на Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од палестинската Црвена полумесечина наведено е дека до судирите дошло откако израелските сили ја срушиле куќата на Палестинката Латифе Абу Хамид, чиј син почина во бегалскиот камп „Емари“, а останатите пет сина се осудени на доживотен затвор. Во судирите се повредени 14 Палестинци.
Израелските сили синоќа почнаа со подготовки за рушење на куќата на палестинското семејство Хамид. Околу 150 палестински активисти се собраа пред куќата и се спротивставија на израелските сили во нивната намера. Израелската војска, со користење на сила, од куќата ги оддалечи активистите, но и покрај лошите временски услови, долго ги држеше на локалниот стадион.
Рано утринава израелските сили поставија динамит и ја срушија куќата на семејството Хамид, а откако објектот е срушен, дојде до судири на демонстрантите и израелските сили.
Во текот на судирите, израелските сили употребија пластични куршуми и солзавец, додека Палестинците возвратија со камења.