Zehra Ulucak
15 Декември 2018•Ажурирај: 17 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 20 лица загинаа, а голем број се повредени во сообраќајната несреќа што се случи во Непал, јавува Anadolu Agency (AA).
Камионот кој слетал од патот, превезувал лица кои се враќале од погреб.
Полицискиот службеник Тика Сапкота потврди дека камионот слетал од патот и се превртел во река. Во несреќата животот го загубија 20 лица.
Сѐ уште не е позната причината за несреќата во селото Дупчесвор, а се претпоставува дека во камионот се наоѓале околу 40 лица.