Elena Trenchevska Chekovikj
11 Октомври 2025•Ажурирај: 14 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Сезоната на берба на брусница започна во Њу Џерси, Соединетите Американски Држави (САД), каде фармите ги поплавија насадите со цел полесно да ги соберат зрелите црвени бобинки од површината на водата, јавува Анадолу
Оваа американска сојузна држава е еден од водечките производители на брусница во САД, а годишната берба создава еден од најживописните и највозбудливи есенски пејсажи.
Работниците користат специјализирана опрема за собирање на бобинките, кои подоцна ќе бидат преработени во сок, сосови и популарни празнични производи.