Hamdi Yıldız
08 Ноември 2022•Ажурирај: 08 Ноември 2022
КУДС (АА) - Украинсиот претседател Владимир Зеленски во Киев го покани Бенјамин Нетанјаху, кој победи на изборите во Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Кабинетот на Нетанјаху се наведува дека Зеленски и Нетанјаху вчера оствариле телефонски разговор.
Зеленски упатил честитки до Нетанјаху за успехот на изборите, за што Нетанјаху се заблагодарил.
Нетанјаху во разговорот истакнал дека како што ветил за време на изборната кампања, по доаѓање на функција, сериозно ќе размисли за украинското прашање.
Од друга страна, Зеленски на Твитер објави соопштение во врска со телефонскиот разговор во кое наведува дека посакува Украина и Израел да имаат врски во согласност со безбедносните предизвици со кои се соочуваат двете земји.
Од друга страна, израелскиот весник „Једиот aхрoнот“, врз основа на изјавите на анонимни украински функционери, пренесе дека Зеленски од Нетанјаху побарал израелско оружје за Украина, и дека го поканил Нетанјаху во Киев.