Sena Güler
06 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
ЏАКАРТА (АА) - Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени ја погоди индонезиската провинција Малуку, соопшти метеоролошката агенција на Индонезија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Епицентарот на земјотресот бил на околу 180 километри северозападно од регионот Тенгарга Барат, во Малуку, на длабочина од 133 километри, објави индонезиската Агенција за метеорологија и геофизика.
Од Агенцијата не издадоа предупредување за цунами по земјотресот.
Сè уште нема извештаи за евентуани жртви.
Во септември, главниот град на Малуку, Амбон, беше погоден од земјотрес со јачина од 6,8 степени, во кој животот го загубија 36 лица.