Fuat Kabakcı
16 Декември 2018•Ажурирај: 17 Декември 2018
ПЕКИНГ (АА) - Кинеската покраина Сечуан беше погодена од земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинескиот Центар за земјотреси соопшти дека земјотресот се случил во подрачјето на Шингвин во градот Јибин.
Се истакнува дека земјотресот се случил на длабочина од 12 километри, а не се дадени информации за можни жртви или повредени.
Инаку, во земјотресот со јачина од 7 степени кој се случи минатата година во подрачјето на Чиучајгоу во Сечуан, смртно настрадаа 20 лица, додека 493 лица беа повредени.
- Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Тајван -
Метеоролошкиот центар на Тајван соопшти дека земјотрес од 5,6 степени според Рихтер бил регистриран на околу 40 километри на отворено море кај градот Хуалиен, во источниот дел на островот.
Се истакнува дека земјотресот се случил на длабочина од 30,3 километри, и не се дадени информации за можни жртви или повредени.
Потресите се почувствувани во градот Њу Тајпеј, и во подрачјата Тајтунг, Јилан, Нантоу, Тајчунг, Јунлин и Чангуа Хсинчу.