Mahmut Atanur
16 Декември 2018•Ажурирај: 16 Декември 2018
ЏАКАРТА (АА) - Активиран е вулканот Сопутан кој се наоѓа на индонезискиот остров Сулавеси, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сутопо Пурво Нугрохо, портпарол на индонезиската Национална агенција за управување со катастрофи, изјави дека се случиле експлозии во вулканот Сопутан, кој исфрла пепел и чад до височина од 3.000 метри.
Нугрохо рече дека моментално нема потреба од евакуација на луѓето кои живеат во ова подрачје.
Според соопштеното, исфрлените пепел и чад не претставуваат пречка за авионските летови во регионот.
Во Индонезија се наоѓаат 130 активни вулкани.