Eşref Musa,Mehmet Burak Karacaoğlu,Adham Kako
05 Јануари 2020•Ажурирај: 06 Јануари 2020
ИДЛИБ (АА) - ЕШРЕФ МУСА / МУСА КАРАЧАОГЛУ -
Мухамед Хасан Неџар, еден од цивилите кои избегаа од бомбардирањата на Асадовиот режим во Сирија и неговите поддржувачи, истакна дека не си заминале, туку избегале од нападите, односно од смртта, пишува Агенција Анадолија (АА).
Над еден милиони цивили во Идлиб мигрираа и останаа без куќи како резултат на интензивните напади на Асадовиот режим во Сирија, Русија, како и на странските терористички групи поддржани од Иран, врз населените места во Идлиб.
Оние кои избегаа од нападите продолжуваат да мигрираат кон зоните долж граничната линија со Турција.
Цивилите кои пристигнаа на граничната линија се соочуваат со потешкотии, како што се наоѓање место во бегалските кампови, а исто така, и привремените центри за засолнување се речиси полни.
Мухамед Хасан Неџар од селото Бабила, во јужниот дел на Идлиб, истакна дека по нападите на режимот врз неговото село, ги напуштиле своите домови и избегале кон границата со Турција.

„Војската на режимот одеднаш почна со движење. Во тој момент воените авиони и хеликоптери почнаа да напаѓаат со барелни бомби. Нашата куќа беше нашиот живот. Но повеќе нема да биде. Огорчени сме. Не заминавме со желба, туку избегавме од нападите, односно од смртта. Ја бакнавме земјата пред нашата куќа и ја напуштивме“, рече Неџар, додавајќи дека со голем страв избегале од селото.
„Кога бегавме, беа погодени две возила и еден трактор кои се наоѓаа пред нас. Загинаа луѓето кои беа внатре. Чудо беше што останавме живи“, истакна тој.
Неџар раскажа дека се соочуваат со потешкотии кога има врнежи од дожд бидејќи нема каде да се засолнат.
„Моите деца и внуци се разболеа и се лекуваа во болница. Нештата што ги носевме со себе, ги донесовме во една куќа која нема покрив, спиеме во тоалет“, додаде Неџар.

Според него, бегајќи од Идлиб, се криеле под лисја од авионите. „Кога запреа со нападите, повторно тргнавме на пат. Жените плачеа од страв и тага.
Градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, речиси од почетокот на граѓанската војна во земјата се наоѓа под контрола на опозицијата и антирежимските вооружени групи.
Со внатрешната миграција, популацијата на Идлиб достигна до 4 милиони жители. Идлиб се наоѓа на врвот на местата кои се најинтензивно под напади од страна на сирискиот режим.

На состанокот во Астана на 4-5 мај 2017 година, од страна на Турција, Русија и Иран, беа формирани четири деескалациони зони.
Но, режимот и странските терористички групи поддржани од Иран, со воздушна поддршка на Русија ја зазедоа контролата врз овие деескалациони зони, со исклучок на Идлиб.
Стотици илјади цивили кои избегаа од нападите, мигрираа кон местата близу границата со Турција.
Исто така, нападите продолжија извесно време и по договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година од страна на Русија и Турција. Над 1.600 цивили загинаа како резултат на бомбардирањата.
Русија, режимот, како и терористите поддржани од Иран кои изведуваат напади во деескалационата зона во Идлиб, само од почетокот на 2019 година досега се причина за раселувањето на околу 1 милион и 300 илјади цивили кон местата во близина на границата со Турција.