Mustafa Deveci
15 Април 2025•Ажурирај: 16 Април 2025
АНКАРА (АА) - Во нападите што ги изврши од 7 октомври 2023 година, израелската Армија директно гаѓаше повеќе од 400 училишта во Појасот Газа, од кои повеќето се места во коишто се засолниле раселените Палестинци, известува Анадолу.
Во објавата дадена на профилот на социјалните мрежи на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), се наведува дека поголемиот дел од училиштата во Газа се оштетени поради израелските напади.
Од училиштата во Газа, 403 биле директна цел на израелските напади од 7 октомври, што е соодветно на 71 % од училиштата во регионот.
Се посочува и дека 88 % од училиштата во Газа се оштетени во израелските напади.
УНРВА соопшти дека во Газа има 564 училишта, а од нив 499 се оштетени во израелските напади.
Се истакнува дека 162 од училиштата оштетени од израелските напади ѝ припаѓаат на УНРВА.
Децата во Газа поради израелските напади се насилно раселени и лишени од образование 1,5 година.
Од 7 октомври 2023 година, израелската Армија ги гаѓа училиштата во Газа, вклучително и оние што ѝ припаѓаат на УНРВА, во кои се засолнети мнозинството раселени Палестинци.