Mustafa Deveci
27 Ноември 2024•Ажурирај: 28 Ноември 2024
ТЕЛ АВИВ (АА) – Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека израелскиот Кабинет за безбедност го одобрил американскиот предлог за прекин на огнот во Либан, известува Анадолу.
Според вестите што ги објавија локалните медиуми, на состанокот на Кабинетот за безбедност со кој претседавал премиерот Нетанјаху одобрен е прекинот на огнот со Хезболах во Либан со десет гласа ‘за’ и еден ‘против’.
„Израел го цени придонесот на Соединетите Американски Држави во овој процес и го задржува правото да дејствува против каква било закана по својата безбедност“, соопшти канцеларијата на Нетанјаху.
Медиумите наведуваат дека прекинот на огнот ќе стапи на сила ова утро во 4 часот по локално време.