Ekip
04 Јули 2022•Ажурирај: 05 Јули 2022
РАМАЛА (АА) – Палестинскиот премиер Мохамед Штајех го обвини Израел дека ги чува телата на мртвите Палестинци во израелските универзитетски лаборатории, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на состанокот на Владата денес, Штајех ги нарече постапките на Израел „тешко кршење на човековите права и етиката на науката“.
Тој ги повика образовните институции низ светот да ги бојкотираат израелските универзитети вклучени во задржувањето на телата на Палестинците и повика на вршење притисок врз израелската Влада со цел да ги предаде телата.
Според локалниот палестински Комитет за извлекување на мртвите Палестинци, Израел ги држи телата на 104 Палестинци од 2015 година, како и на 256 други кои закопани во специјални гробници познати како нумерирани гробови.