Enes Canlı,Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout
13 Март 2024•Ажурирај: 14 Март 2024
КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската Армија на 3 март објави снимка од беспилотно летало покажувајќи дека како цел имале едно од две лица кои шетале меѓу урнатините во областа Зејтун на северот од Појасот Газа, со образложение дека лицето наводно носело ракетен фрлач, јавува Анадолу.
На прашањето на дописникот на АА во врска со овој настан, портпаролот на израелската Армија призна дека Палестинецот убиен со вооружен дрон во областа Зејтун со образложение дека носел ракетен фрлач, всушност носел велосипед.
Изјавувајќи дека регионот е бојно поле и дека воените единици на тоа подрачје воделе многу судири со вооружените елементи поврзани со Хамас, портпаролот тврдеше дека споменатата рута што ја надгледувал израелскиот дрон претходно била користена од вооружените елементи во регионот за шверц на оружје и за извршување напади.
Портпаролот се извини за „погрешниот заклучок“, тврдејќи дека израелската Армија го идентификувала лицето со велосипедот како лице кое носи ракетен фрлач и дека одлуката за напад била донесена врз основа на моменталната проценка на ситуацијата.
Портпаролот информираше дека за инцидентот била известена надлежната единица која истражува вонредни ситуации.