İdiris Okuduci
29 Март 2023•Ажурирај: 30 Март 2023
БЕЈРУТ (АА) - Дроновите на израелската војска го прекршија воздушниот простор на Либан и фрлија димна бомба врз младите Либанци кои се наоѓале во кафуле, пренесува Анадолу.
Либанската официјална новинска агенција „ННА“ (NNA) објави вест во врска со синоќешниот напад на Израел врз младите што организирале суфур во месецот на постот Рамазан.
Во веста се вели дека со дрон била фрлена димна бомба врз младите што се наоѓале во кафуле во местото Мерџајун, кое се наоѓа во јужниот дел на Либан, во близина на израелската граница.
Се истакнува дека во нападот нема повредени.
Помеѓу Либан и Сирија одвреме-навреме се случуваат тензии поради различни причини.