Ali Semerci
28 Ноември 2024•Ажурирај: 29 Ноември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Во израелските напади од 7 октомври минатата година врз Појасот Газа убиени се 44.330 Палестинци, известува Анадолу.
Палестинското Министерство за здравство во Газа објави информации во врска израелските напади врз Појасот Газа кои траат веќе 419 дена.
Во соопштението се наведува дека 48 Палестинци се убиени, а 53 се ранети во три масакри извршени од израелската армија во различни делови на Појасот Газа во изминатите 24 часа.
Министерство за здравство во Газа потврди дека 44.330 Палестинци се убиени, а 104.933 се ранети во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година.
Се истакнува дека сѐ уште има убиени Палестинци под урнатините и покрај патот, но дека медицинските екипи и службениците за цивилна заштита не можат да стигнат до телата поради препреките од израелските сили.