Mehmet Nuri Uçar
16 Септември 2024•Ажурирај: 18 Септември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку седуммина Палестинци се убиени во нападите на израелската армија врз Појасот Газа, известува Анадолу.
Во соопштението на палестинската Црвена полумесечина се наведува дека израелски воени авиони извршиле воздушен напад врз пекарница во бегалскиот камп Сумуд во регионот Ел-Меваси, западно од градот Хан Јунис, во кој се засолниле раселените лица.
Во соопштението се наведува дека телата на петтемина Палестинци кои се убиени во нападот се пренесени во градската болница „Насер“.
Исто така, израелски воени авиони нападнале и Палестинци кои со трактори патувале во областа Мисбах, во подрачјето на градот Рафа. Во нападот се убиени двајца браќа.
Во нападите што Израел ги спроведува врз Појасот Газа од 7 октомври убиени се 41.226 Палестинци, од кои најмалку 16.795 деца, 11.378 жени, а повредени се 95.413 лица.