Hacer Başer
02 Јули 2021•Ажурирај: 03 Јули 2021
ГАЗА
Израелски воени авиони извршија воздушен напад врз позицијата на Бригадите „Изедин Касам“, военото крило на Хамас, во Појасот Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на дописникот на АА, израелски авиони бомбардирале позиција на Бригадите „Касам“ на југот од градот Газа.
Во писмената изјава на Израелската армија објавена на твитер-профилот, се нагласува дека „авионите го погодија местото за производство на оружје кое му припаѓаше на Хамас“.
Исто така, наведено е дека нападот бил извршен како одговор на запаливите балони лансирани од Газа.
Хамас сѐ уште нема дадено изјава во однос на ова прашање.