Mahmoud Mohamed Barakat
11 Ноември 2022•Ажурирај: 11 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Израелскиот претседател Исак Херцог соопшти дека в недела ќе му го додели мандатот за формирање нова влада на Бенјамин Нетанјаху, поранешниот израелски премиер и лидер на партијата Ликуд, јавува Агенција Анадолија (АА).
Објавата на Херцог се случи по консултациите со претставниците на политичките партии кои беа изгласани за Кнесетот. Консултациите, кои траеја од средата до денеска, беа одржани пред претседателот да задолжи поединец да формира влада врз основа на препораките на претставниците.
Нетанјаху и неговиот десничарски блок обезбедија целосно мнозинство во 120-члениот Кнесет (израелскиот Парламент), што му овозможи да ја формира идната израелска Влада.
Таборот на Нетанјаху освои 64 места во Кнесетот, наспроти 51 место освоено од членовите на актуелната Влада предводена од премиерот Јаир Лапид.