Qais Omar Darwesh Omar,Safiye Karabacak
16 Ноември 2021•Ажурирај: 17 Ноември 2021
ТУБАС
Садам Бени Авде (26) го загуби животот откако израелските сили отворија оган со вистински куршуми за време на рациите на окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Очевидци истакнаа дека израелските сили спровеле рација во градот Тубас на окупираниот Западен Брег за да приведат некои Палестинци.
Се наведува дека израелските сили употребиле вистински куршуми и солзавец против младите кои се спротивставиле на рацијата, на што младите Палестинци одговориле со фрлање камења кон војниците.
Според очевидците, при судирите Бени Авде бил ранет со вистински куршум и пренесен во турската државна болница во Тубас.
Извори од турската државна болница во Тубас информираа дека куршумот го погодил Бени Авде во срцето. И покрај сите интервенции, младиот Палестинец не успеал да преживее.
Израелските сили често спроведуваат операции за апсење низ Западниот Брег и приведуваат Палестинци под различни обвинувања.
По приведувањата кои станаа вообичаена практика на Западниот Брег и Источен Ерусалим, дел од Палестинците меѓу кои деца и жени, со денови се држат во центрите за притвор.