Emre Gürkan Abay
18 Декември 2017•Ажурирај: 18 Декември 2017
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, му се заблагодари на американскиот колега, Доналд Трамп, за доставување на разузнавачки сознанија што доведоа до апсење на лица осомничени за планирање на терористички напад во Санкт Петербург, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата за односи со јавноста на Кремљ соопшти дека Путин телефонски разговарал со Трамп.
Првиот човек на Русија му се заблагодари на Трамп за неодамнешната помош на САД во спречувањето на терористички напад во Русија.
Руската полиција претходно соопшти дека Централната разузнавачка агенција (ЦИА) доставила разузнавачки информации кои му помогнале на руското Федерално безбедносно биро да ги пронајде и да ги уапси лицата кои се сомничат дека наскоро планирале изведување терористички акт во Санкт Петербург.
Оваа информација беше потврдена и од руското Федерално безбедносно биро од каде што додаваат дека станува збор за лица поврзани со терористичката организација ДЕАШ.
Путин на својот американски колега Трамп му истакнал дека и руските разузнавачки инстанци се подготвени со американските колеги да споделат доколку дојдат до какви било сознанија за можна терористичка закана за САД.