Qays Abu Samra,Safiye Karabacak
29 Декември 2017•Ажурирај: 30 Декември 2017
ВИТЛЕЕМ (AA) - Израелските војници повторно интервенираа во текот на протестите организирани денеска на различни подрачја на Западниот брег поради неодамнешната одлука на Соединетите Американски Држави (САД) за признавање на Ерусалим (Кудс) како главен израелски град, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Витлеем палестинците организираа протестна прошетка во текот на која со солзавец и куршуми интервенираа израелските војници. Со камења и молотови коктели возвратија собраните Палестинци. До интервенцијата додје во текот на протестите на подрачјето Хеброн, Рамала и Ел Бира.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп на 6. декември официјално го призна Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, на различни подрачја на Западен брег и во Газа се одржуваат протести. Израел го окупираше Источен Кудс на 5. јуни 1967 година. Таа земја во 1980. година еднострано го прогласи за главен град, а Обединетите нации (ОН) соваа одлука ја прогласија за ништовна.