Gamze Türkoğlu Oğuz
30 Декември 2017•Ажурирај: 31 Декември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Пожарот кој избувна во њујоршкиот кварт Бронкс во САД, во кој животот го загубија 12 лица е предивикан од 3,5 годишно дете кое си играло во кујната со шпоретот, јавува Anadolu Agency (AA).
Даниел Нигро од противпожарниот оддел на Њујорк соопшти дека на првиот кат од зградата живеело семејство чие 3,5 годишно дете си играло во кујната, а пожарот го предизвикале искри од шпоретот, по што за кусо време пламените јазици ја зафатиле целата околина. Тој рече дека мајката ги земала своите две деца и набрзина го напуштила апартманот.
Бидејќи мајката во паника при излегувањето ја оставила отворена вратата од апартманот, пожарот за неколку минути се проширил во целата зграда и го блокирала патот кон излезната врата од зградата.
Официјалните претставници информираа дека меѓу 12-мина загинати 4 се деца.
Во пожарот кој избувна во петканицата во квартот Бронкс повредени се 15 лица.
Во истиот њујоршки кварт 1990 година избувна пожар во кој животот го загубија 87 лица.