Zein Khalil,Zeynep Tüfekçi Gülay
12 Мај 2024•Ажурирај: 15 Мај 2024
ГАЗА (АА) - Израелската војска со тенкови ги уништи урнатините на поранешниот меѓународен аеродром во градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.
Како што истакнаа очевидците, израелските сили повторно ги гаѓале урнатините на аеродромот, кој е изграден пред 26 години источно од граничниот премин Рафа кој ги поврзува Египет и Газа. Изграден е со напорите на легендарниот палестински лидер Јасер Арафат, а е затворен по две години работа.
На снимките објавени од израелските медиуми јасно се гледа израелскиот напад врз аеродромот и чадот кој се издига од тоа подрачје.
Меѓународниот аеродром Газа беше отворен во 1998 година и работеше само две години. Затворен е откако беше бомбардиран од израелските сили и оттогаш е во урнатини. Изградбата чинеше меѓу 60 и 70 милиони долари.
За време на војната во Либан во 2006 година, Израел повторно ја бомбардираше главната зграда на аеродромот, претворајќи ја во куп рушевини.
Тие рушевини денеска беа и цел на напад на израелските сили.