Esat Fırat
10 Март 2021•Ажурирај: 10 Март 2021
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските полицајци го приведоа имамот на Месџид-и Акса, шејх Икриме Сабри, во рамки на рацијата врз неговиот дом, јавува Агенција Анадолија (АА).
Член од семејството на шејх Икриме Сабри, во изјава за новинарот на АА рече дека израелските сили извршиле рација врз куќата на шејх Сабри во населбата Ес-Суване во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс).
Изворот кој сакаше да остане анонимен, нагласи дека израелските сили го привеле шејх Сабри без некое образложение, и дека е пренесен во притворниот центар „Russian Compound“ (Ел Мескубије) во Западен Ерусалим.
Шејх Икриме Сабри, вчера по повод Ноќта на исра и мираџ упати апел до Палестинците да доаѓаат во Харем-и Шериф.
Тој и претходно неколкупати беше приведен од страна на израелските сили.