Mustafa Deveci
03 Ноември 2019•Ажурирај: 04 Ноември 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили го приведоа палестинскиот министер за Ерусалим, Фади ел Хедми, во рамки на рацијата што ја извршија во домот на овој министер, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според локалните извори, израелските сили составени од припадници на полицијата и разузнавачката служба изутрината извршиле рација во домот на Ел Хедми.
Во овие рамки Ел Хедми е приведен од страна на израелските сили.
Не се знае причината поради која е приведен палестинскиот министер.
Израелските власти сè уште не дадоа изјава за случајот.
Ел Хедми во последните 5 месеци три пати беше приведен од страна на израелската полиција.