Ekipa
04 Ноември 2018•Ажурирај: 05 Ноември 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел изврши рација врз зградата на Гувернерството на Ерусалим (Кудс) при палестинската администрација, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од локалните извори, израелските сили извршиле рација врз зградата на Гувернерството на Ерусалим која се наоѓа во подрачјето на Ер Рам.
Израелските сили кои извршија рација во зградата, користеле солзавец и претепале одредени функционери.
Палестинските здравствени извори истакнаа дека три лица кои биле погодени од солзавец и претепани, биле лекувани на местото на настанот.
Од друга страна, палестинската Влада ја осуди рацијата на израелските сили во Гувернерството.
Палестинскиот владин портпарол Јусуф ел Махмуд, во врска со рацијата врз Гувернерството на Ерусалим даде писмено соопштение во кое нападот врз персоналот го опиша како јасно прекршување на меѓународното право и меѓународните договори.
Махмуд нагласи дека за нападот е одговорна израелската Влада, и упати предупредување од повторување на овој напад.
Гувернерот на Ерусалим при палестинската администрација, Аднан Гајс, во октомври беше приведен од страна на израелските сили и беше ослободен по два дена.