Qais Omar Darwesh Omar,Muhammed Semiz
18 Јануари 2024•Ажурирај: 18 Јануари 2024
РАМАЛА (АА) - Израелските сили од синоќа приведоа 60 Палестинци, меѓу кои и малолетници, во окупираниот Западен Брег, пренесува Анадолу.
Во заедничкото соопштение на Здружението на палестински затвореници и Делегацијата на затвореници и ослободени, поврзана со Палестинската ослободителна организација, се вели дека од 7 октомври минатата година израелските сили привеле 6.090 Палестинци на Западниот Брег.
Израелските сили продолжуваат да притвораат Палестинци спроведувајќи рации во различни градови и населени места на окупираниот Западен Брег.
Израелските сили извршија рации во градовите Хеброн и Витлеем, како и во Рамала, Наблус, Тулкарем и Источен Кудс (Ерусалим).
Во нападите на израелските сили и нелегалните еврејски доселеници на окупираниот Западен Брег и Источен Кудс од 7 октомври загинаа 362 Палестинци.