Mustafa Deveci
03 Август 2021•Ажурирај: 04 Август 2021
КУДС
Израелските сили извршија упад во градот Џенин на окупираниот Западен Брег, при што повредија шест Палестинци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на палестинската официјална новинска агенција ВАФА (WAFA), израелските цивилни полицајци познати како „Мустарибин“ во ноќните часови извршиле упад во индустриската зона во градот Џенин.
Настанал судир меѓу израелските сили и Палестинците кои реагирале против овој упад.
Во судирот се повредени 6 Палестинци, од кои еден е тешко повреден.
Од друга страна, во писменото соопштение на израелската Гранична полиција се наведува дека израелските сили во градот Џенин влегле со образложение „спречување тероризам и приведување“.
Во соопштението се нагласува дека групата Палестинци фрлале Молотови коктели и камења и отвориле оган со оружје, а дека израелските сили возвратиле на отворениот оган.
Инаку, израелските сили често вршат рации во куќите во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс и приведуваат Палестинци под различни тврдења.