Mustafa Deveci
14 Март 2019•Ажурирај: 14 Март 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили приведоа 20 Палестинци во окупираниот Западен Брег и во Појасот Газа кој е под блокада, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение на израелската војска, во операциите извршени синоќа, во различни места на Западниот Брег приведени се 15 Палестинци под изговор дека биле вмешани во „терористички активности“, додека 5 Палестинци биле приведени под изговор дека преминале од Газа кон израелската страна.
Се наведува дека приведените Палестинци се пренесени во центрите за притвор, каде што ќе бидат испрашувани.
Израелските сили често вршат рации во окупираните Западен Брег и Источен Ерусалим (Кудс), и под различни тврдења приведуваат Палестинци.
По приведувањата кои во Западен Брег и Источен Ерусалим станаа вообичаени, дел од приведените Палестинци, меѓу кои и деца и жени, со денови се држат во центрите за притвор.
Според официјални палестински извори, во израелските затвори се наоѓаат 5.700 Палестинци, од кои околу 500 административни притвореници и 230 деца.
Израел, со практиката наречена „административно притворање“, во зависност од разузнавачките информации, може да приведува Палестинци и да ги држи во притвор од 1 до 6 месеци.
Ако притвореникот се смета за „опасност за безбедноста на Израел“, воениот судија може да му го продолжи времетраењето на притворот до 5 години.