Mustafa Deveci
01 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Октомври 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили приведоа 37 Палестинци во окупираните Западен Брег и Источен Ерусалим (Кудс), меѓу кои и еден новинар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Здружението на палестински затвореници, израелските сили во ноќните часови извршиле рации во некои места на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.
Во рациите на израелските сили, под различни образложенија приведени се вкупно 37 лица, од кои 20 се приведени на Западниот Брег, а 17 во Источен Ерусалим.
Се вели дека меѓу приведените на Западниот Брег се наоѓа и палестинскиот новинар Тарик Ебу Заид.
Израелските сили често вршат рации во домовите во окупираните Западен Брег и Источен Ерусалим, и под различни образложенија приведуваат Палестинци.
По приведувањата кои станаа вообичаени, некои Палестинци, меѓу кои деца и жени, со денови се држат во центри за притвор.