Gizem Nisa Çebi
24 Јули 2024•Ажурирај: 29 Јули 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Илон Маск, извршниот директор на Тесла, ги негираше наводите дека донира 45 милиони долари месечно за поддршка на Доналд Трамп, пишува американскиот печат, пренесува Анадолу.
Ова појаснување дојде откако Трамп ги спомена придонесите на Маск на предизборен митинг.
Според американското списание „Ролинг стоун“, Маск истакнал: „Не донирам 45 милиони долари месечно на Трамп“, отфрлајќи ги наводите на „Волстрит журнал“ во кој се цитираат извори кои тврдат дека тој планирал да го финансира Про-Трамп Супер ПАК (Одбор за политичка акција).
Во интервју со конзервативниот коментатор Џордан Петерсон, Маск ги отфрли наводите на Волстрит журнал, велејќи: „Она што е објавено во медиумите едноставно не е точно“.
Тој објасни дека го создал Америка ПАК, предводен од консултанти од кампањата на Рон ДеСантис, со цел промовирање на основните американски принципи наместо да биде хиперпартиски.
Трамп на митингот во Мичиген неточно изјави дека Маск бил значаен донатор: „Илон ме поддржа пред некој ден... тој ми дава 45 милиони долари месечно“.
Маск, чие богатство се проценува на 250 милијарди долари, ја нагласи целта на неговиот ПАК - да ги поддржи американските вредности, а не конкретни кандидати.
Трамп претходно го критикуваше Маск и неговите бизниси, изјавувајќи во 2022 година дека Маск побарал помош за неговите субвенционирани проекти и дека ќе „падне на колена и ќе моли“ доколку Трамп го побарал тоа.