Erbil Başay
10 Декември 2017•Ажурирај: 12 Декември 2017
БЕРЛИН (АА) - Протест против одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да го признае Кудс за главен град на Израел организиран е и во Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
На илјадници луѓе се собраа пред зградата на општината Неуколн во Берлин. Демонстрантите незадоволни од одлуката на САД, потоа организираа протестна прошетка до улицата Аделберт.
Германската полиција презеде големи безбедносни мерки, а демонстрантите ги извикуваа паролите „Израел бомбардира, Германија финансира” и „Слобода за Палестина”.
Демонстрациите по обраќањето на говорникот завршија без инцидент.